Средбата на Заев и на Борисов во Софија и најавите за потпишување „договор за добрососедство“ е само чекор плус кон целосно бришење на македонската историја и посебност. Нема друго логично објаснување за налудничавиот потег на Заев за безусловно прифаќање на барањата од нашиот источен сосед како услов за поддршката на тамошните власти за членство во ЕУ и во НАТО.
Заев го опиша денот како „Затворање на поглавјето на национализмот“, прифаќајќи ги обвинувањата дека Македонците се виновни за наметнатото отворено прашање за добрососедство со Бугарија. Секој нормален човек ќе се праша што точно затвора Заев? Ако договорот е историски, како што го најавува тој, бандитите од СДС и Соросовите медиуми, тогаш зошто се крие од македонската јавност? Зошто место да им се додворува на странците со навреди кон сопствениот народ, не застане пред Македонците како вистински лидер за да им ги соопшти „убавите вести“ од Софија? Кој му дал право да преговара и да распродава национални интереси сам, без претходна консултација со народот и со научната јавност?
Шокантно е како Заев си дозволува на своја рака да донесува вакви одлуки без транспарентна научна дебата на која ќе бидат изложени сите придобивки, но и опасности од вакви историски одлуки. Впрочем, од неговото инсталирање на власт тој и не знае да каже друго, освен да најавува дебати за разни, многу поневажни прашања. Што е проблем ова исклучително важно прашање за Македонците да биде поставено јавно за тој како човек што се нуди да ги затвори отворените прашања со соседите да ни објасни на сите како успеа да ги омекне соседите без да им наштети на националните интереси? Дали, можеби, имало дебата, но само во затворени кругови, во присуство на вистинскиот премиер Џес Бејли или Заев, загубен во простор и во време, на тие средби само кима со глава и прима наредби? Дали е свесен дека мандатот даден од амбасадорите не му дозволува да прави што сака со државата и дека еден ден ќе одговара за еден куп предавства?
Ако договорот што го нуди Бугарија е толку лесно прифатлив досега ќе го прифатеше еден од претходните премиери. За споредба, во преговорите што ги водеше ВМРО-ДПМНЕ претходно беа вклучени и академици од МАНУ. Самите академици, кои би требало да бидат чувари на нашите национални бележја, беа против одредени точки од договорот за кои сметаа дека можат да бидат кобни за нас како народ ако ги прифатиме во форма што ја нуди соседна Бугарија. Имено, трите најспорни точки во тогаш понудениот договор предвидуваа откажување од македонското малцинство во Бугарија, откажување од сопствената македонска историја и прифаќање заедничка историја и откажување од македонскиот јазик. Нормално, таквото условување од Софија не беше прифатливо за владата на ВМРО-ДПМНЕ, како и за ниту еден друг претходен македонски политичар што бил на некаква државничка функција, вклучително и за Љубчо Георгиевски. Но, на човек без никаков морален капацитет, поставен од странски центри на моќ да донесе сериозни одлуки на штета на сопствениот народ, очигледно, му требаа само две недели за да го прифати катастрофалниот договор.
Сепак, Заев се лаже ако мисли дека толку лесно ќе помине договорот кај македонскиот народ. Пред да излезе Заев на заедничка прослава на Илинден со Борисов ќе мора да одговори на десетици прашања. Пред сѐ, ќе мора јавно да каже дали Македонија има своја историја пред 1944 година, или македонската историја ѝ ја подарува на Бугарија за лични интереси? Дали илинденците што го положиле животот за слободна Македонија биле Бугари или Македонци? Впрочем, Македонија никогаш немала против на нејзините најсветли датуми од историјата да пречекува гости од други држави. Може да се прифати дека во одредени периоди историјата на двата народа се испреплетувала, но не и дека не постои македонска историја. Расчистувањето на тие детали треба да се остави на науката и на историчарите, а никако не на Заев, црпнатиот од нивите во Муртино.
Прифаќањето на договорот понуден од Софија во облик каков што го нудеа досега е многу поопасен од тоа што на прв поглед изгледа затоа што тоа е чекор кон самоубиство на еден цел народ, т.е. со тоа се отвора врата за промена на името без гаранции за идентитет и за јазик. Со други зборови, додека да стигнеме до некакво решение за името со Грција, ние самите ќе си ги поништиме идентитетот и јазикот.
На овој начин сами се бришеме како народ, кој ќе остане без сопствена историја, без јазик и идентитет. Промената на името ќе биде само заокружување на самоубиствениот процес. Сево ова покажува дека овој човек што е поставен да ги исполнува наредбите на „дип стејт“ нема никаква почит ниту кон македонскиот народ, ниту кон своите предци, кои со крв ја платиле слободата што денес тој ја ужива. Останува да видиме дали народот ќе дозволи секоја будала да ја продава Македонија и нејзиното историско наследство или ќе му стави крај на ова скандалозно предавство.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Борисов бара ревизија на сите издадени бугарски пасоши во последните пет години
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји