Четврта година по ред во Кратово се одржуваат „Златни денови“ каде што градот на кулите и на мостовите е домаќин и организатор на еден од најзабавните фестивали на музика и култура.
В петок, на 30 јуни ќе настапат Бона Деа, Тара, Александра Јанева, за веднаш по нив збавата да продолжи со најголемите балкански кафеански песни за душа. Во овој дел од програмата духот на меаните ќе го пренесат групата Браво бенд, Јордан Митев, Милица Кузмановска и балканскиот боем Драган Којиќ – Кеба. По кафеанската атмосфера шаренилото на вечерта ќе го збогати нашата годинашна преставничка на Евровизија, Јана Бурческа, а за крај на првата вечер на сцената ќе експлодира идолот на младата генерација Слаткар со хит проектот Слаткаристика.
Во сабота, 1.7.2017 година, звуците на кулите и мостовите ќе ги красат Етно составот – Вез од Штип, ортодоксните рокери Пеперминт, а ѕвезда на вечерта и на фестивалот ќе биде Калиопи. За вистинска саботна треска ќе се погрижат новосаѓаните ,Трибјут то Бјело дугме, кои заедно со Кратово ќе ги пеат најголемите хитови на легендарните „копчиња“. По настаните на главната сцена забавата ќе продолжи во базен дискотеката во Кратово каде што познати ди-џеи ќе се погрижат за еуфорично продолжување на фестивалските ноќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.