| четврток, 6 декември 2018 |

Беквалац за Северина: Чувствувам бес што сака да и го одземе детето

Поп-пејачката Наташа Беквалац ужива во љубовта со бившиот кошаркар Лука Лазукиќ откривајќи за медиумите дека е среќна и исполнета.

-Можам да ви кажам дека се чувствувам убаво. Искрено, никогаш не сум била посреќна. Заљубена сум, се’ е полно и се’ е супер“, изјави таа за новинарите, осврнувајќи се и на случајот на својата колешка Северина Којиќ, која се соочува со голема агонија во приватниот живот.

-Не се мешам во приватниот живот на Северина, но како жена и мајка чувствувам бес поради обидот да и’ се одземе детето и сочувствувам со неа!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top