| четврток, 6 декември 2018 |

Инфомакс: Кој ги шиша војниците, за Шекеринска амбасадорите се поважни

Министерката за Одбрана Радмила Шекеринска немаше време да присуствува на показна вежба на СПБГ во касарната Петровец на АРМ поради средбите кои ги имаше со Амбасадорите на Полска и Франција – објави Инфомакс.

Во касарната во Петровец и реонот на Катланово денеска ќе се реализира показна вежба на командно место на средната баталјонска борбена група (СПБГ), како дел од активностите за одбележување 25 години од формирањето на АРМ и претстојната ресертификација на СПБГ, соопшти ГШ на АРМ.

На вежбата денеска присуствуваа претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, началникот на ГШ генерал-потплоковник Методија Величковски и генерали на АРМ.

Министрите во новата Влада секојдневно се на средби со амбасадорите но, немаат време за извршување на своите основни функции. Неприсуството на Министерката за Одбрана Радмила Шекеринска на воената вежба е знак на непочитување и неодговорност на новата министерка. Таа им дава повеќе значење на странските амбасадори одколку на вработените во министерството со кое треба да раководи- пишува порталот.

Денеска таа имаше две средби со амбасадорите на Франција и Полска, по чија средба Шеќеринска како што дознаваме си отишла дома, затоа што немала што да прави во Министерството.

Пред два дена пак, Шекеринска оствари и средба со британскиот амбасадор Чарлс Гарет, кој пак беше дел од „шарената“ револуција, активно користејќи го неговиот Твитер профил за коментирање на политичките состојби во државата, и јавно изразувајќи поддршка за тогашната опозиција но и соросоидните здруженија.

„Инфомакс“  коментира дека ваква еклатантна негрижа за еден од највиталните аспекти на Македонската државност не е забележана уште од времето на Владо Бучковски, кој Министерството за одбрана го користеше како испостава за перење пари, но и оплодување на веќе стекнатиот капитал. Тој денес е пред суд за злоупотреба на пари на Армијата во процеура за набавка на резервни делови за тенковите на војската.

За истите, Бучковски плаќал неколкукратно повисока цена, а разликата ја ставал в џеб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top