| четврток, 6 декември 2018 |

Асесио ги задоволи вкусовите на управата на Реал, доби нов договор до 2023 година

Членот на младата фудбалска репрезентација на Шпанија до 21 година, Марко Асенсио, кој в сабота ќе игра против Македонија на Европското првенство во Полска, потпиша фантастичен договор со Реал Мадрид, кој само ја докажува неговата врвна класа. Тој договори продолжување на соработката со „кралевите“ до 2023 година, а отштетната клаузула доколку некој друг клуб сака предвреме да го откупи е неверојатни 350 милиони евра.

Асенсио оваа сезона значајно напредуваше на „Сантијаго Бернабеу“, доби солидна минутажа од тренерот Зинедин Зидан, а по добрите игри во Реал Мадрид, најчесто како резервен играч кој влегува од клупата, доби повик од селекторот Хулен Лопетеги и во А-репрезентацијата на Шпанија. Истовремено, тој е еден од најголемите адути на селекторот Селадес на претстојниот европски самит на млади фудбалери во Полска.

Според неговиот договор, Марко Асенсио ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона во дресот на Реал Мадрид, во наредните шест години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top