| четврток, 6 декември 2018 |

Катерина од Полска поправа чевли во Скопје: Во Македонија дојдов заради Гоце

Млада е витка и висока и е единствената чевларка во Македонија. Стои во својата работничка кожна наметка и воопшто не наликува на некој кој што би се бавел со овој занает, ја опишува новинарот на Телеграф.рс, Катерина Микрут од Полска која има своја чевларска работилница во Скопје.

Таа има 36 гоини и е од Краков, а во Македонија вели дека ја донела љубовта.

– По професија сум славист. Во Краков завршив славистика и чешки јазик, а на факултет почнав да учам и македонска јазик. Тука пред околу 10 години ме донесе љубовта. Во брак сум Македонец, Гоце. Прво живееве во близина на Преспанското зезеро, а пред 5 години се преселивме во Скопје, раскажува таа.

– Полскиот ми е мајчин јазик,а студирав чешки, но тука не успеав да најдам работа по струка, па почнав да се бавам со разни креативни работи кои ми беа хоби. Почнав да шијам и плетам и полека да влегувам во светот на модниот дизајн. Со моите креации учествував  и на неколку модни ревии во Скопје, раскажува Катерина за својот живот во Македонија.

Иако нејзините креации биле уникатни, за нив немало пазар тука, па таа сфатила дека од тоа нема да може да живее. Потоа се вработила во една текстилна фабрика.

– Дополнителен приход ми беше поправка и изработка на чевли, а на занатот ме научи мајсторот Исмет кој има работилница во старата скопска чаршија и прави чевли од кожа. Потоа се одлучив да си отворам свој дуќан. Многумина се изненадуваат кога ќе видат тука жена и ме прашуваат што ме привлекло во оваа работа. Некои се сомневаат во мене, па често си помислувам дека ако бев машко, ќе имав повеќе работа. Сепак, имам и повеќе од доволно муштерии, вели Катерина.

Таа со својот сопруг Гоце ја имаат ќерката Алисија која понекогаш и прва друштво во работилницата. Како што вели Катерина, нејзините родители во Посла знаат со што се бави тука, и тоа воопшто не им смета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top