| четврток, 6 декември 2018 |

Променет насловот во „Фајненшел тајмс“: Македонија размислува да го користи привременото име за да влезе во НАТО

Угледниот британски весник „Фајненшел тајмс“ утрово се појави со анализа со наслов „Македонија прелага промена на името во обид да му се приклучи на НАТО“ повикувајќи се на изјава на Никола Димитров. По неколку часа, по реакција од македонското Министерство за надворешни работи го смени насловот во „Македонија размислува да го користи привременото име за да влезе во НАТО“.

 

Според Фајненшел тајмс Димитров кажал дека е прерано да се дискутира за какви било предлози за името, и ќе се сретне со грчките министри в среда за да ја обнови довербата меѓу двата соседи откако Атина стави вето за македонското влегување во НАТО.

„Ќе побарам Грција да се преиспита каков сосед сака – дали сакаат стабилна, пријателска земја која што нуди надеж за демократија и правда? Ако сме добар сосед, тогаш се надевам дека политичките сили во Грција ќе сфатат дека ова е историска можност“, изјавил Димитров за Фајненшел тајмс.

Димитров за Фајненшл Тајмс вели дека каков било договор за ново име за Македонија ќе биде ставен на референдум и ќе биде предмет на меѓупартиски договори. Според некои, неименувани аналитичари, договарањето на ново име за Македонија може да трае до една година. ­ На многу делови од Балканот има луѓе кои сметаат дека има можност да се сменат пост­југословенските договори. Приемот на Македонија во НАТО може да има смирувачки ефект на регионот, изјавил Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top