| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Посакував ваков крај, со пехар кажувам збогум Барселона

Со освојувањето на Купот на Кралот, денеска, Кирил Лазаров го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона. Капитенот на македонската репрезентација победнички ја заврши четиригодишната авантура во каталонскиот гигант, а по седум години во Шпанија, тој заминува во француски Нант.

Овој трофеј за Лазаров петти во сезонава, а вкупно 21 откако го носи дресот на Каталонците.

– Посакував ваков крај, со овој пехар да се збогувам со Барселона. Поминав седум години во Шпанија, стекнав големо искуство и минав одлични денови. Продолжувам во Франција, а на Барселона и посакувам многу среќа во иднина, изјави нашиот капитен, Кире Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top