| четврток, 6 декември 2018 |

Дали одите и зјапате во телефон – еве што може да ви се случи!

Ова е ера на технологијата и сите ние, сакале или не, сме залепени за нашите мобилни телефони, но постои едно непишано правило дека не треба истовремено да одите и да зјапате во телефон.

Одење и пишување пораки на телефон е како да зборувате на телефон додека возите автомобил – треба да се воведе казна и за ова.

Една жена го демонстрираше вистинскиот хаос кој може да ви се случи од “одење и “зјапање” во телефон” паѓајќи во отворен подрум.

Кутрата дама зачекорува во отворената врата и паѓа два метри во подрумот на бетонскиот под. Властите изјавија за дека таа била толку расеана пишувајќи пораки на телефонот што воопшто не ги забележала вратите.

Тој додал и дека кога прв пат го видел видеото неговото срце застанало за момент.

-Можеби е повредена, ама барем е жива- изјавил.

Некоку моменти подоцна, работници од пожарната пристигнале да ја “спасат” од непријатната ситуација, вадејќи ја од подрумот на носилка. Таа сега е во стабилна состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top