| четврток, 6 декември 2018 |

На 1 октомври ќе се одржи референдум за независност на Каталонија

Премиерот на автономната шпанска област Каталонија, Карлес Пучдемон, изјави дека на 1 окотмври ќе биде спроведен референдум за независност на североисточната шпанска област и покрај забраната од судот.

– Прашањето што ќе им биде поставено на Каталонците ќе гласи: Дали сакате Каталонија да биде независна држава со републиканско управување? – наведе Пучдемон, истакнувајќи дека тие имаат право на референдум за самоопределување.

Засега нема коментари од конзервативната центристичка Влада на шпанскиот премиер Мариано Рахој.

Владата во Мадрид претходно соопшти дека нема да дозволи спроведување на референдум, бидејќи тоа е противуставно.

Пучдемон нагласи дека е подготвен на дијалог со Мадрид, но дека референдумот не е предмет на преговори. Имено, 44,3 отсто од Каталонците ја поддржуваат независноста, а 48,5 проценти се против неа, покажува послендото истражување на владиниот институт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top