| четврток, 6 декември 2018 |

Добил 12 девојчиња како подарок: Му биле сексуални робинки, родителите знаеле сè (Видео)

Монструмот кој држел 12 млади девојки како сексуални робинки, од кои 6 биле сестри, се соочува со доживотна затворска казна.

Полицијата во Пенсилванија открила дека 51-годишниот Ли Каплан живее со жени и девојки, кои ги добил на подарок од нивните родители.

Даниел и Савил Столкфус, кои се инаку Амиши, му подариле шест свои ќерки.
Обвинителите наведуваат дека родителите на Каплан му ги подариле ќерките, откако тој претходно им помогнал финансиски.

Каплан неколку пати ги силувал девојките, а најстарата, 18-годишна жртва, родила две негови деца, исто така девојчиња.

На крајот Даниел Столкфус му ја подарил и својата сопруга, Савил. Брачниот пар исто така бил уапсен. Тие признале дека знаеле дека Каплан има секс со нивните малолетни ќерки, соопштила полицијата.
Каплан негирал 17 обвиненија за силување на деца и сексуално злоставување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top