| четврток, 6 декември 2018 |

„Црвено-црни“ од прв до последен: Тарчуловски со семејството ја прослави шамионската титула на Вардар (ФОТО)

Поранешниот предводник на навивачката група на Вардар, Комити, пратеникот во македонското собрание Јохан Тарчуловски во придружба на сопругата Соња, ќерката Мелани и синот Младен ги пречека европските шампиони на плоштадот „Македонија“.

Јохан беше на плоштадот и вечерта по победата, кога голем број луѓе спонтано се собраа да ја прослават првата шампионска титула во машкиот ракомет.

-Историја, историја е, никогаш може во живот нема веќе да го доживееме ова. Еднаш во 100 години може да се случи ова, може и пак ќе се случи. Како и да е ова за цела Македонија, за Скопје, за Вардар, за секој што сака спорт, ова нешто што еднаш се живее во животот и се доживува, изјави Тарчуловски вечерта во неделата, веднаш по победата на Вардар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top