| четврток, 6 декември 2018 |

„Заев бара оставка од Заев“: Нов непријател меѓу медиумите

Зоран Заев е познат по неговата елоквентност, особено кога ги менува ставовите како чорапи и кога за себе зборува во трето лице, прво со име, а потоа со презиме.

И кога Зоран вели што Заев демантира, а притоа во својата ергела за вадење од вербалните јазли се поседува и медиуми и медиумски работници, не секогаш е лесно да се избегне и ваква ситуација: едноставно да се напише тоа што Заев го мисли, а Зоран не го рекол, па одрекол.

Или едноставно, вработените веќе не можат да го следат што Заев рекол, а Зоран мислел, или Зоран мислел, ама не рекол, а Заев не мислел, ама рекол, и милион други комбинации меѓу нив двајца.

Имајќи предвид дека сепак можеби се работи за ненамерна грешка, се надеваме дека овој медиум сега нема да се најде на новиот попис на Заев на непријатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top