Додека предавникот Зоран Заев ја најавуваше тиранската влада и ја читаше програмата полна со лаги и со неостварливи желби од собраниската говорница, надвор пред Собранието го чуваше армија од полициски специјалци вооружени до заби. Првата слика од „новиот живот“ што ни го наметнаа странците точно кажува како е инсталирана оваа власт и за чии интереси ќе работи.
Кога Македонија би добила народна власт, а не тиранска, избирана и составувана во туѓи држави, пред Собранието ќе имаше народ со цвеќиња, место специјалци со пушки и борбени возила. Со оглед на тоа дека мнозинството одби по брза постапка да распише локални избори, станува јасно дека од истите тие граѓани од кои денес се брани со полиција, предавникот Зоран Заев ќе се крие во текот на целото свое владеење и нема да се појави на избори сѐ додека остатоците од „дип стејт“ и од Соросовите инсталации во Брисел имаат моќ да го држат „на безбедно“ од гласачите.
Значи, благодарение на глобалните моќници, во Македонија почнува „нов живот“, во кој прво: му се одзема суверенитетот на народот, второ: власта им се доделува на квислинзите со точно утврдени задачи што треба да ги реализираат на краток рок и трето: се воведува режим на владеење во кој секој противник на „реформите“, односно на разнебитувањето на државата ќе биде сурово казнуван. Тука влегуваат хајките против политичките неистомисленици и медиумите што не се под капата на СДС и на Сорос. Покрај сите криминални дејства и насилни сценарија што беа применети од „дип стејт“, квислинзите од СДС и од Соросовите платеници за уривање на легално избраната власт, аболираниот криминалец Зоран Заев имаше лице од собраниската говорница да порача:
„Ќе работиме чесно и посветено, исклучително за потребите на граѓаните“.
Лицемерно до коска, како што знае само тој и како што му прилега. Во „новиот живот“ ќе се навикнеме на хипокризијата, а, можеби, и ќе ни ја наметнат како морална норма. Непосредно пред устоличувањето на оваа тиранско-соросовска власт, ќе остане забележано дека насилно устоличениот претседател на Собранието, Талат Џафери, продолжи да ги крши Уставот и законите водејќи ја седницата на албански јазик.
Неговиот говор во кој изнакажа еден куп небулози и даде исто толку лажни ветувања, сигурно, еден ден ќе најде место во некои учебници каде што ќе се изучува шизофреничното владеење на „реформаторот“ Заев. Меѓу другите, ќе издвојам само неколку:
„Ветувам дека ќе бидам премиер на сите граѓани, без разлика дали сте гласале за мојата партија, но барам почит“.
Секој нормален човек е свесен дека почитта се заслужува. Почит најмалку може да бара амнестиран криминалец и предавник на својот народ. За овие злодела се добива само јавен презир и затворска казна. Јавниот презир веќе го доби, а затворот го чека. Но, сѐ во свое време.
„Посебно ќе посветиме внимание младите да останат и да работат во Македонија“.
Во лепезата ветувања исчезна тоа дека ќе ги врател тие 600.000 граѓани што се иселиле од државата поради режимот. Ако случајно испуштил да го спомне повторно, јавно го прашувам кога да ги пречекаме повратниците на аеродром?
„Најсериозна реформа ќе биде таа во судството“.
Судството ќе го реформираат двапати амнестиран криминалец во улога на премиер и „шумар“ во улога на министер за правда! За волја на вистината, досегашниот директор на Државниот инспекторат за шумарство, Билен Саљији како министер за правда идеално ќе се вклопи во тимот стручњаци за реформи во судството заедно со Катица Јанева.
„Се обврзуваме дека ќе овозможиме соодветна употреба на јазиците на заедниците“.
Досега стопати вети дека по конечниот договор за формирање влада меѓу коалициските партнери ќе каже како ќе се реши проблемот со употребата на албанскиот јазик без да се прекрши Уставот и исто толку пати одби да го направи тоа. Во меѓувреме, видовме како на седницата за избор на влада незаконски инсталираниот претседател на Собранието, Талат Џафери, го прекрши Уставот обраќајќи се на албански јазик од претседателското место во Собранието, а Заев и пратениците на СДС го оценија потегот како „соодветен“.
„Јас сум убеден во капацитетот на парламентарното мнозинство, во согласност со тоа јас сум убеден дека оваа влада има четиригодишен капацитет“.
Во чиј капацитет верува Заев? Во својот како амнестиран криминалец што е под истрага и за други кривични дела? Во капацитетот на кадрите на ДУИ за кои тој самиот тврдеше дека се криминалци и дека против нив има обвинија за криминал? Во терористите што ги прифати да бидат дел од неговата реформска влада? Во капацитетот на својот тим, кој ги загуби сите избори досега? Или, можеби, во капацитетот на амбасадорот Џес Бејли и на „дип стејт“? Можеби тие го убедиле дека најмалку четири години ќе го чуваат подалеку од народот, а може и повеќе? Лани видовме како Заев бегаше од народот сѐ до тој момент кога „чадорот“ му гарантираше успех преку изборен инженеринг. Бегањето од локални избори е само повторување на сценариото од предвремените избори.
Секој нормален човек и патриот се прашува до кога ќе имаат моќ да ги држат државата и народот под окупација и без право на одлучување? Веројатно додека не бидат поразени Сорос и „дип стејт“ во самата Америка и додека големите сили не се договорат за новата поделба на сферата на влијание на Балканот. До тогаш, сите противзаконски дејства ќе бидат регистрирани, а веднаш по уривањето на оваа квислиншка власт, сите штетни одлуки ќе бидат поништени. Сите прекршители на Уставот и на законите, пак, ќе мора да преземат одговорност за загрозувањето на националните интереси, на суверенитетот на државата и за одземањето на суверенитетот од народот. Ова мора да го имаат на ум сите сегашни и идни соработници на оваа квислиншка власт. Од правдата нема да ги спасат ни Бејли ни Хоjт Ји ни Хан ни Могерини.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.