Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, беше пресреќен по победата над Барселона со звукот на сирената. Пивотот посебна пофалба му даде на Цидрниќ, кој го даде голот за голем триумф.
– Одигравме меч од соништата. Да одиграме вака и да победиме во последната секунда тоа е фантастично. Лука Циндриќ беше фантастичен. Сонувавме и претходно дека може да дојдеме до трофеј, но оваа година е наша година. Очекуваме тежок меч против ПСЖ, но ќе дадеме се од себе и цело срце за да одиграме најдобро што знаеме да победиме – изјави Стоилов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.