Марија Шерифовиќ западна во голема емотивна криза откако нејзиното куче, англискиот булдог Роби умре, па во солзи дошла на аудиција на новата емисија „Ѕвездите на Гранд“.
Според информациите, членката на жирито на популарниот натпревар се појавила во саботата на избор на натпреварувачите, сета отечена во лицето и со очила за сонце кои не ги симнувала.
-Сите се изненадија кога ја видоа Марија во студиото. Прво, никој не очекувал дека ќе дојде. И Поповиќ се зачудил кога ја видел, но не сфати веднаш што се случило, па низ смеа ја прашал зошто дошла. Таа со треперлив глас рекла:Леле Сале, не можам да бидам сама. Морам да се дружам со луѓе, да не размислувам за Роби. Многу ми е тешко, не знам што со себе. Оставете ме овде со вас, можеби ќе ми биде полесно!Сите замолчивме, а таа седна и немо ги слушаше и гледаше кандидатите. Ништо не зборуваше, само воздивнуваше и повремено ги бришеше солзите- рекол соговорникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.