При конзумирање пиво црниот дроб почнува да работи забрзано со цел да го преработи алкохолот и да спречи таложење на токсини во организмот.
Заедно со апетисаните телото добива дополнителни калории и го оптоварува црниот дроб. Пивото само по себе е калориска бомба, па не е ни чудно што го нарекуваат „течен леб“, кој се „лепи“ за телото во вид на масни клетки. Едно мало пиво содржи 150 калории.
Зошто токму кај мажите се создава „пивски стомак“? Одговорот на ова прашање е во полот и годините на лицето.
Имено, по 35-тата година метаболизмот кај повеќето мажи се забавува, што доведува до тенденција на собирање масни наслаги на одредени делови од телото. Кај мажите тоа е стомакот, додека кај жените колковите и задникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.