Истражувањата на британскиот универзитет Кили од 2009 година покажуваат покажуваат дека пцостите ја зголемуваат толеранцијата на болка. Во експериментот 64 студенти требало да држат една рака во кофа со мраз. Додека употребувале „одобрени“ пцости, издржувале 140 секунди. Во вториот дел требало да молчат, но студот го издржале 70 секунди.
-Се додека вашите зборови не се насочени кон некому, пцостите може да бидат катарзично искуство- велат психолозите, особено да ослободуваат од лутост или фрустрации. Пцостите даваат и чувство дека ги имате работите под контрола, дури и кога не е така, односно „може да ја засили самодовербата и да поттикне мерки кои треба да се преземат“.
Од таму и совет: доколку лицето е нервозно, на пример чека 20 минути да се јави техничка поддршка, нека се обиде да пцуе, бидејќи ќе има чувство дека ја контролира ситуацијата. Бидејќи многу системи програмирани да детектираат вулгарности, можеби набргу ќе ве спојат со операторите, советуваат експертите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.