Кристијано Роналдо со фотографијата која ја објави на Инстаграм ги поттикна гласините дека неговата девојка Георгина Родригез е бремена.
На фотографијата популарниот пар седи на кауч, а тој ја држи својата рака на нејзиниот стомак.На фановите им е сомнително тоа што славниот фудбалер инаку не објавува вакви фотографии и познат е по тоа што своите девојки секогаш ги крие од јавноста, па и одбива за нив јавно да зборува.
Шушкањата за бременост се појавија после неодамнешниот одмор на Ибица каде 22 годишната Георгина парадирала во минијатурен костим за капење, а оваа фотографија крена уште повеќе прашина.
Роналдо веќе има 6 годишен син, Кристијано Јуниор, кој го доби со помош на сурогат мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.