| четврток, 6 декември 2018 |

„Глобал“ потопен, попушти осуммилионскиот криминален проект на Заев (Видео)

Поплавите кои попладнево ја зафатија Струмица не го поштедија ниту трговскиот центар „Глобал“, чија внатрешност беше поплавена по обилните врнежи, покажува оваа видео снимка.

Поплавени куќи, улици и поројот „Крушевска Република“ се само дел од сликите кои денес може да се забележат низ Струмица поради поројните врнежи од дожд.

Потопен е и трговскиот центар „Глобал“, познат во јавноста по криминалот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев тежок 8 милиони евра, за што беше аболициран од тогашниот претседател бранко Црвенковски и е единствениот аболициран политичар во Македонија.

Заев со уште петмина во средината на јули 2008-ма година за случајот „Глобал“ заврши во притвор за криминал тежок над 8 милиони евра. Аболицијата на Заев со која практично прекина гонењето беше потпишана од Бранко Црвенковски на 3 август 2008 година и трае до денес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top