Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска го посети Институтот за филм – Филмска академија Охрид, која беше отворена во 2015 година и работи според наставните програми на престижната филмска академија ФАМУ во Прага.
Инаку, од 2015 година Охрид стана град на филмската академија. Институтот за филм кој како јавна научна установа формирана од Владата на Република Македонија е придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, и нуди постдипломски програми на катедрата за сценаристика и драматургија и Катедрата за креативна продукција.
Охрид зазема значајно место во светската филмска мапа бидејќи се образуваат кадри од сите земји од регионот кои учат директно од едни од најдобрите професори од областа.
Овој институт за филм прерасна во регионално препознатлива високо образовна институција, а воедно е уште еден столб во засилувањето на позицијата на македонското образование на меѓународно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Охрид e најзадолжена општина
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница