Осумгодишното девојче Сафи Роуз Русос е најмладата жртва на масакрот што се случи вчера на концертот на Аријана Гранде во Манчестер. Нејзиното тело било проднајдено по големата потрага во која учествувале повеќе од 100 луѓе.
Девојчето првпат пошло на концерт со својата мајка и со сестра си, кои биле повредени во нападот и префрлени во болница, а на Сафи тогаш ѝ се губи секаква трага. По темелната 20-часовна потрага на полицијата и голем број волентери, девојчето е пронајдено, но, за жал, меѓу жртвите од нападот.
Семејството и пријателите ги барале преку социјалните мрежи и медиумите, кои ги пренесоа нивните повици за помош и фотографии од исчезнатите.
Точниот број на деца по кои се трага е непознат, а медиумите пренесоа дека 12 деца се наоѓаат на болничко лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)
-
Постојано се зголемува бројот на загинати: Досега 235 загинати во терористичкиот напад во Египет