| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците пресметале уште колку има до крајот на вселената

Факт е дека вселената ќе умре еден ден, но кога тоа точно ќе се случи, уште не е познато.

Со набљудување на галаксиите и ѕвездите се доаѓа до заклучок дека ширењето на вселената се забрзува, но ако таа брзина остане константна ѕвездите еден ден ќе згаснат и вселената ќе се олади.

Според друга претпоставка со ширење на вселената ќе се зголеми количината на темната енергија и тоа до моментот кога ќе се распадне просторот – а вселената едноставно ќе престане да постои. Тоа сценарио според прогнозите, може да се случи за 22 милијарди години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top