| четврток, 6 декември 2018 |

Спанулис: Ваквите моменти ме тераат да играм кошарка

spanulis

Кошаркарите на Олимпијакос се пласираа во финалето на Евролигата откако во полуфиналната битка беа подобри од ЦСКА Москва со 82-78.

Грчкиот тим, заедно со Принтезис и Папаниколау, до победата го предводеше искусниот Василис Спанулис со 14 поени. По мечот, и самиот не го криеше задоволството:

– Поради ваквите моменти играм кошарка. За време на целата сезона се боревме за финале, а сега и успеавме во тоа. Мојата задача е да го олеснам постигнувањето поени за соиграчите, а на крајот и на самиот себе. Тоа е мојата улога. Затоа и мора да бидам задоволен од партијата во полуфиналето – вели Спанулис, и дополнува:

– Знаевме што не чека. Воопшто не беше лесно. ЦСКА ја бранеше шампионската титула, но успеавме да ги надмудриме и заслужено да одиме во финале.

Олимпијакос во финалето ќе се соочи со Фенербахче на Перо Антиќ кој во втората полуфинална пресметка беше подобар од Реал Мадрид со 84-75.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top