| четврток, 6 декември 2018 |

Црвените линии на Иванов ја срушија Тиранската платформа

Добивањето на мандатот е само затруен плод на затруено дрво, политичкиот отпор и протестите резултираа со неопходните гаранции - велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција, а обраќање имаше Никола Тодоров.

– Простестите покажаа дека сме решени да ја зачуваме Македонија, а голема улога имаше и Ѓорѓе Иванов. Сите сме свесни за постизборната измама, и за Тиранската платформа. Опасноста беше реална и народот остро реагираше. На сите сценарија реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, и иако победивме на изборите, понудивме да се отфрли платформата од страна на СДСМ, вели Тодоров.

Додава дека СДСМ ги погазиле и уставот и законите на Собранието.

– Ако Заев порано ги дадеше гаранциите кои ги побара Иванов, ќе беа деблокирани процесите и ќе имаше и локални избори. Од денес натаму СДСМ и Зоран Заев ја имаат целата одговорност. Тој е првиот мандатар кој потпишува гаранции за суверенитетот на државата. Тие сепак не се потпишани првите луѓе на Албанците кои му дадоа поддршка, вели Тодоров.

– Заев безброј пати едно зборува, а друго прави и затоа ние будно ќе ја следиме работата за да не се нарушат гаранциите. На крај им честитаме на граѓаните кои се владетел во земјата. Знаеме дека гласаа за нашата програма и дека поддршката се зголемува, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top