| четврток, 6 декември 2018 |

Украинско „њет“ за руските социјални мрежи

Украинскиот претседател Петро Порошенко, исполнувајќи го сопствениот декрет, ги затвори своите налози на руските социјални мрежи „ВКонтакте„ и „Одноклассники” (соученици), кои тој лично забрани, пренесе ТАСС.

Потоа, тој ги повика Украинците да го следат неговиот пример.

– Украинските интернет провајдери треба да престанат да обезбедуваат пристап до овие и други руски сервери. Сите официјални страници на претседателот на овие сервери ќе бидат затворени. Ги повикувам сите сонародници да ги напуштат руските сервери од безбедносни причини – се вели во пораката на Порошенко.

Тој истакна дека продолжува да ги користи своите сметки на мрежите на Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Јутјуб.

Претходно тој потпиша проширен список од санкции,насочени кон 1.228 физички и 468 правни лица. Во него влегуваат голем број пратеници од руската Државна дума, судии од рускиот Уставен суд, руски новинари, телевизиски канали, наведените социјални мрежи, како и електронската пошта „Мејл.ру“ и рускиот интернет пребарувач „Јандекс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top