| четврток, 6 декември 2018 |

Надал во тежок финален меч славеше над Тием за нова титула во Мадрид

Рафаел Надал е победник на Мастерсот во Мадрид со што го освои третиот турнир на земјена подлога во последниот еден месец. Во скоро двочасовна борба Надал го надигра одличниот Австриец Доминик Тием со 2-0 (7-6, 6-4) во сетови.

Првиот сет беше крајно изедначен, па се играше дури 80 минути. Тием прв направи брејк, но Шпанецот веднаш возврати со ри-брејк. При 5-5 Австриецот спаси три брејк топки и го внесе сетот во тај-брејк. Следеше мртва трка во која Тием не искористи две сет топки, па Надал во својот петти обид го освои сетот (10-8).

Вториот сет започна со брејк на Шпанецот и психолошката предност веднаш се пресели кај „кралот на земјата“. Таа предност од самиот почеток тенисерот од Мајорка ја искористи и до крајот на сетот не го загуби својот сервис и славеше со 6-4.

Од утре почнува Мастерсот во Рим кој е последен тест пред Ролан Гарос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top