Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, „Тивери корпорејшн“ доаѓа во Скопје, како специјално отворање на фестивалот „Скопје колинг 2017“, соопшти организаторт, „Авалон продукција“. Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи на скопското Кале на 20 јуни со почеток од 21 часот.
„Тивери корпорејшн“ во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена. Скопје може да очекува вистински спектакл!
„’Авалон продукција’ како и за секој свој избор за концерт во Македонија, секогаш настојува да ги задоволи апетитите на публиката од сите генерации и со различна жанровска определба. Се разбира, заедно со личните апетити и музички вкусови на продукцијата. Така и овој пат се одлучивме за бенд што е маестрален во живо и можеби единствениот во светот што со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електронска музика“, се вели во соопштението на „Авалон“.
Влезниците по цена од 990 денари ќе бидат пуштени во продажба од 15 мај, преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија, „Југотон“ и онлајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.