| четврток, 6 декември 2018 |

Во 7 квадрати има кујна, бања и спална соба: Станот на Марко е најмал во светот

stance

Дека во само неколку метри квадратни може да ги сместите работите кои се неопходни за живот и да го организирате просторот докажува примерот на архитектот и дизајнер Марко Пјерачи кој е сопственик на најмалиот стан во Италија. Неговто станче има „цели“ седум метри квадратни.

Како што самиот раскажал, кога го купил станот бил во многу лоша состојба, па целиот го обновил, a кога почнал да го уредува, Марко решил максимално да ја искористи неговата височина. Така, во таа минимална квадратура тој успеал да смести мала кујна и трпезарија, спална соба и бања.

01

За овој стан, уште во 2014 било официјално потврдено дека е најмал во светот, а сеуште го држи овој рекорд.

02

03

Веднаш до креветот се наоѓа таванската врата, која мора да се затвора во текот на ноќта за оној кој спие во креветот случајно да не падне по скалите.  Креветот може да се претвори во софа и тогаш со телевизорот кој е закачен на ѕидот, таа се „трансформира“ во соба за дневен престој.

04

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top