| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена чудотворна икона со исцелителна моќ се чува во Света Петка – Црниче

Света Петка е  христијанска црква, која се наоѓа во населба Црниче во Општина , Кисела Вода .Овој храм е подигнат и осветен во 1923 година, но чинот на осветување и поставување на камен-темелник за изградба на црквата бил извршен во 1904 година. За 20 години била изградена целосно и осветувањето го извршил тогашниот скопски митрополит Варнава (1920-1930).

Постои камен-плоча на која може да се прочита дека храмот бил завршен и осветен на 3-09-1923-та година. Црквата е градена според традиционалниот византиски тип – триконхос од развиен тип, со централна купола и купола над нартексот. Октогоналната централна купола е потпрена на масивни и нагласени пиластри во ентериерот на црквата. Масивните ѕидови на куполата се расчленети со полукружни вертикални ниши во кои се сместени прозорски отвори. На северната и на јужната страна фасадата ерасчленета со октогонални конхи. По земјотресот  во 1963та црквата била оштетена. При поправките од јужната и од северната страна таа е проширена со параклис, посветен на светите цареви и рамноапостоли Константин и Елена , а по извесно време од северната страна е дограден параклис, посветен на Света Недела.

Независно од црквата е подигната четирикатна октогонална камбанерија. Внатрешното декорирање на храмот, односно живописот и иконописот му биле доверени на последниот и најдобар зограф на тоа време, Димитар Папрадишки. Иконостасот е дрвен, со сликана рудиментирана флорална декорација, во централниот дел поставен праволиниски, а од северната и од јужната страна скршнува и ја следи ар хитектурата на градбата.

Воeдно пред неколку години во црквата “Света Петка” пронајдена е чудотворна икона која се чува во ол­та­рот на храмот.

Според записите во црковните гласила, пишува Вест, приказната е поврзана со скопјанката Фаница Нанчева која била родена во 1915 година. На 26 годишна возраст таа почнала да живее во станот на еден свештеник, кој заминал за Србија. Таа во подрумот од станот пронашла необична икона од пресвета Богородица, за која никој не знаел дека постои.

– Иконата, која ја претставувала прес­ве­та Богородица, била насликана во дрво и завиткана во епитрахил. Новата сопс­тве­нич­ка ја ставила иконата. заедно со двете други, во еден агол од нејзината со­ба. Покрај нив постојано горело кандило. И тогаш започнале да се случуваат чуд­ни нешта. Ноќе, необичен звук и тропање се слушале од местото каде што се на­о­ѓа­ла иконата на света Богородица. Една ноќ, сопственичката забележила како среб­ре­на монета паѓа од иконата. Тоа бил чуден звук на паричка од нематеријална природа. Ед­но утро, кога се разболела, од очите на иконата потекле солзи.

Таа не можела да по­ве­ру­ва во глетката, сe додека солзите не ги собрала во еден сад. Подоцна иконата мно­гу пати ја покажала својата чудотворност. За заздравување на болните деца или за добивање пород на бездетните брачни двојки, откако ќе се помолеле пред неа. Сопс­тве­нич­ка­та го послушала советот на тогашниот старешина на црквата “Света Пет­ка” Ацо Стојковски, и иконата ја предала во божјиот храм. Иконата и денес се на­о­ѓа таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top