Популарниот некогашен шоу-мен, денес претседател на меѓународна асоцијација за човекови права и активен хуманист, Бојан Јовановски, никако не сакаше да прифати да го фотографираме неговиот животен простор уреден по највисоки стандарди, пишува „Убавина и здравје“. Но, Боки 13, држејќи ги неговите модни-лекции на социјалните мрежи, со кои се шегува и ги забавува своите следбеници и пријатели самиот откри повеќе од што сакаше.
.
аше.
Станот сместен во луксузен комплекс за домување во Скопје изобилува со многу атрактивни детали, уметнички слики, декорации и дизајнерски мебел.
Големиот уреден простор открива дека Бојан не го негува само модниот-стил по највисоки стандарди, туку истиот се пресликува комплетно во неговиот стил на живеење.
Само едно не ни е јасно – и покрај бројните квадрати, зарем тука има место за сите негови парчиња облека и модни додатоци?! Или можеби има уште еден толкав простор кој е гардеробер?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.