| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија: 34 луѓе загинаа во автобуска несреќа – 27 се деца

Танзаниската полиција соопшти дека најмалку 34 лица настрадале откако возачот на автобусот кој превезувал ученици изгубил контрола над возилото, јавува АП.

Африканските медиуми пренесуваат дека во несреќата загинале 27 деца и тројца наставници, додека за останатите четворица загинати се уште нема информации.

Полицијата се обидува да ги извлече телата од автобусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top