| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас во Сараево: Топовски удар му разнесе нога на навивач

saraevo

Еден навивач на Сараево е потешко повреден за време на дуелот против Слобода Тузла. Инцидентот се случи на северната трибина на стадионот „Кошево“, резервирана за навивачите на Сараево „Хорде зла“.

Домашните симпатизери направија одлична атмосфера, но во еден момент експлодира топовски удар, а песната молкна. Топовскиот удар експлодирал покрај момче, чијашто лева нога е разнесена од детонацијата. Неколку навивачи го кренаа во раце и го изнесоа до местото каде што беше возилото за Брза помош. Момчето беше пренесено во болница, а до крајот на средбата, навивачите не навиваа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top