Приврзаниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва одржаа протестен марш во Кавадарци.
Тие ги повторија барањата за отфрлање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата.
Пред кавадарчани говореше Сава Манева, наставник по историја во пензија, која рече дека во протестите нема политика, туку само народ кој го дига гласот против предавничките изроди.
– Некои одново ја бараат браздата за сами да си го ископаат гробот. Доста ни се делбите и распарчувањата. Народот застана на браникот во одбрана на татковината, рече Манева.
Таа повика на обединување и избори како единствен спас, нагласувајќи дека мировните протести ќе продолжат до исполнување на барањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)