| четврток, 6 декември 2018 |

Атакa

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

 

Играта на нервите заврши во четврток на 27 април – денот што ќе влезе во македонската историја.

А не дека не стана исцрпувачка оваа игра полна со подметнувања, ненадејни сурови удари, кои требаше да бидат фатални, разни итроштини на теренот, досега невидена хипокризија во политичкиот живот на овие простори, корупција, разузнавачки интервенции, закани, уцени, агресија, разни пленуми и шарени кондом-револуции за пари, кои брзо се трошат, а потоа?

Остана печатот на предавник, кој е удрен на челото на тие што за 30 илјади денари виртуелна просечна плата го поддржаа велепредавството на националните интереси, а кога дојде на асталот на политичката гозба фамозната платформа, во која се разнебитува македонската држава, не се повлекоа, ниту се покајаа.

И со нема упорност тргнаа во плетењето на својата узурпаторска мрежа на владеење.

Регуларните партии на македонскиот легалистички интерес не покажаа некоја голема борбеност. За мир в куќа? Или поради нивната експонираност, се лесна цел за каков било напад од страна на непријателот.

Всушност, цело време гледаме една неочекувана попустливост, повлекување, напати и дефетизам. Зошто? Зар историската ВМРО тоа би го правела така? Зар не гледате дека ве хранат со лажни надежи, со лажни ветувања? Зар не гледате дека во нив не треба да се има никаква доверба? Во протагонистите, наречени добар чадор и лош чадор?

Полека, но сигурно, ве водат кон амбисот. Чадорите, тие меѓународни геополитички вампири, ве хипнотизирале и со безобразна нерасположеност ве носат кон гибелта.
НАТО и ЕУ, до кога ќе ви бидат златното теле, идолот на отпаднатите од Бога?

Зар не гледате дека „меѓународната“ е блудница, која нема став, туку само безумна алчност за моќ и за доминација? Одете таму каде што вашиот карактер е оцрнет, а вие непожелни.

Поради името ли?

Ете во почетокот на независноста вашите идеолошки противници го сменија името, па сменија сѐ и украдоа сѐ и уништија сѐ. Зашто многу беа уплашени.

Во детството, пропагандата на маршалот Тито ги плашеше со монструозни претстави за империјализмот. Им кажуваше колку е тој суров и колку е бескрупулозен кон работникот и кон неговите тешко остварени права. Тоа – „фабриките на работниците“ – ќе го снема. Ќе дојде Капо со корбач и ќе ви ги „лупи“ грбовите секогаш кога продуктивноста ќе се намали. Сопругите, сестрите и ќерките ќе ви ги претвори во проститутки откако ќе ги приватизира сите фирми и ќе го редуцира бројот на вработените во името на профитот.

Во приватизираните фабрики ќе работите како скотови со надница, која едвај може да ви ги закрпи дупките на лактите на џемперот и чорапите. Ќе бидете никој и ништо. Ќе бидете лумпенпролетери, како што беа и вашите несреќни предци. Посебно лошо во таа верзија на реставрираниот капитализам ќе поминат членовите на КП – таканаречената „црвена буржоазија“.

И кога Горбачов го шитна комунизмот за Нобелова награда и малку готовина, а Москва пропадна како светски авторитет, сите овие комунисти проквичеа и фатија да се китат со либералистички перја, станаа социјал-демократи или, подобро кажано, предавници на левицата, на историската левица.

Е, тоа е итрината на западната моќ, на илуминатската пеколна инспирација, на силите на злото, да успеете со еден силен и импресивен удар непријателите да ги деидеологизирате и да ги претворите во свои најверни слуги.

Зашто ваквиот слуга, а поранешен непријател, ќе сака да се докажува повеќе од кој било друг слуга зашто сомнежот врз неговата лојалност треба секојдневно да се отстранува, а и парите се добри. Парите добиени за кодошење на сопствениот народ.

Затоа, драги мои пријатели од патриотските партии, а најмногу од ВМРО-ДМНЕ, вие никогаш не ќе се зближите со НАТО и со ЕУ, значи, со илуминатите и со другите слуги на нечестивиот, како што прават вашите политички опоненти – предавниците на сопствената идеологија и предавниците на сопствениот народ.

Упорното инсистирање на НАТО и на ЕУ ви ја зема силата и ве одвојува од народот, кој толку многу се даде во ваша заштита верувајќи ви и мислејќи дека вашиот курс вреди да се следи.

Токму и затоа граѓаните на Македонија се кренаа на протести, зашто почувствуваа дека легализмот не функционира во оваа држава.

Чадорот ли го исклучи системот и сега не функционира?
Во четвртокот народот тргна по 60 дена предупредување и шетање. Црвената линија беше помината од предавниците. Протестите тој ден преминаа во револуција.

И тешко си на тој што ќе ѝ застане на патот.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top