Љубовниот живот на нашата најпозната поп-пејачка Каролина Гочева отсекогаш бил на тапет на домашната јавност, а уште повеќе за него се интересирале медиумите. Речиси секоја нејзина врска беше главна тема низ медиумите и на чаршиските душогрижници. Телеграф.мк Неодамна направи листа на сите јавни врски на познатата пејачка. Откако таа на својот провил на Инстаграм објави за својата свршувачка, повторно е актуелен нејзиниот љубовен живот. Сите ја сакаа, но само тој ја освои…
Кој успеа да допре до неа, но не и да ја освои Каролина?!
Пливачот Маленко
Сигурно малкумина од вас се сеќаваат на времето кога Каролина беше во љубовна врска со пливачот Маленко. Тоа беше кратка врска и не толку експонирана.
Гроздан – Тренд
Е, за оваа врска на Каролина, веруваме дека многумина од вас се сеќаваат на големата љубов со бизнисменот Гроздан. Неговиот потег со билбордите на кој пишуваше „Каролина, те сакам“, уште се памети.
Михајло Ражнатовиќ
Нашата поп-ѕвезда беше во љубовна врска со најстариот син на Аркан, Михајло Ражнатовиќ. Причината за раскинувањето на оваа врска наводно биле нивните различни карактери, но и добро познатата изрека далеку од очи далеку од срце. А шпекулациите одеа до таму што се зборуваше дека Каролина наводно добила понуда за брак и преселба во Белград, по што дефинитивно решила да се повлече.
Дино Балиќ
Каролина и скопјанецот Дино Балиќ беа во врска четири години. Двајцата не ја криеа нивната љубов, па на сите јавни настани се појавуваа заедно.
Јован Пановски
Врската на Каролина и бизнисменот Јован Пановски траеше повеќе од две години. Тогаш медиумите пишуваа дека и на двајцата им паднало тешко по раскинувањето.
Николаос Саитис
Како гром од ведро небо одекна информацијата дека Гочева е во љубовна врска со извесен Николаос или познат како Нико, кој имал своја фабрика за текстил во Битола. Тогаш двојката честопати можеше да се забележи во битолските кафулиња, но нивната љубов не траеше многу долго…
Михаил Корубин
Денеска главна тема во сите медиуми е свршувачката на познатата пејачка. Каролина некое време се забавуваше со синот на познатата дизајнерка Лиле Корубин и сликарот Рубенс Корубин, уметникот Михаил. Двајцата се запознале на една забава, а посетата на Париз ќе остане запаметена по венчалниот прстен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.