| четврток, 6 декември 2018 |

Браќа се борат за живот на Клиника, откако неколкупати биле избодени од нивните братучеди

Двајца браќа со убодни рани се задржани на Клиника, во неконтактибилна состојба, откако биле избодени во семејна расправија со нивните братучеди.
Инцидентот се случил вчеравечер во с.Ропаљце, општина Липково, кога избувнала семејна расправија, а Л.О.(19) и неговиот 17-годишен брат им нанеле убодни рани на нивните братучеди, браќата Х.О.(31) и Х.О.(29).
Повредените се неконтактибилни и по укажаната медицинска помош во Општата болница Куманово биле префрлени во Клинички центар Скопје.
Двајцата напаѓачи биле обезбедени. СВР Куманово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top