| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ги смирите немирните децата на јавно место?

Често родителите се чувствуваат непријатно и незнаат како да реагираат кога децата ќе почнат да плачат и врескаат.

Колку пати сте виделе дете на јавно место да плаче, а неговите родители да не реагираат и продолжуваат да разговараат со пријателите, пијат кафе или телефонираат.

Експертите велат дека тоа за почеток е многу некултурно, а потоа и лош гест во воспитувањето. Не само што ги иритира минувачите, ги нервира гостите во кафулето или на кое било друго место, туку и покажува дека мајката и таткото не се многу заинтересирани за нивното дете.

Психолозите сметаат дека наместо игнорирање на плачењето и врескањето, потребно е детето прво да се праша дали нешто го боли и дали е гласно, жедно… Ако проблемот е во тоа дека не е исполнета некоја желба, тогаш родителите би морале да му објаснат дека не е убаво да вреска на јавно место, додека сите го гледаат.

Доколку солзите и понатаму течат и тоа без причина, културно е да го однесете од таму и некаде на само сериозно да разговарате со детето, без „публика“ и да му ставите до знаење дека таквото непристојно однесување нема да го толерирате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top