Млада магионичарка од Струмица доби кривична пријава откако измамила сограѓанка да и дaде злато со кое ќе ја растурела „магијата“ фрлена врз неа.
СВР Струмица поднесе кривична пријава за С.В.(27) од Кавадарци за кривично дело „измама“. На 10.04.2013 година во Струмица, пријавената ја довела во заблуда Н.М. дека ќе и растури магија направена над истата, по што зела пет златни предмети во вредност од 18.000 денари и ги завиткала во хартија ветувајќи ѝ дека ќе ѝ ги врати после четири дена. Откако Н.М. сфатила дека е измамена, случајот го пријавила во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



