| четврток, 6 декември 2018 |

Врховниот суд денеска ќе одлучува за „бомбите” на СЈО

Денеска во 13 часот на општа седница Врховниот суд ќе расправа за предлозите на претседателот на судот Јово Вангеловски за тоа прислушуваните материјали да не бидат користени во доказна постапка во случајот со Сеад Кочан, за кого републичкиот обвинител Марко Зврлевски поднесе барање за заштита на законитоста.

Вангеловски се повикува на досегашната судска пракса дека доказите прибавени на незаконит начин не може да бидат употребени како доказ во судска постапка.

Во Врховниот суд има спротиставени мислења по овие предлози на Вангеловски. Поранешната претседателка на судот, Лидија Неделкова, чиј син работи во СЈО, денеска нема да присуствува на седницата затоа што од пред неколку дена, по наредба на Вангеловски, е изземена од Кривичниот совет кој треба да одлучува по предмет на СЈО. И судијата Исамедин Лимани сам се повлекол затоа што има ќерка вработена во СЈО.

Последното продолжение на седницата беше одложено поради болест на неколку судии.

СЈО со нова подмолна игра: Финансиски ангажман на деца на судии за незаконско туркање на предметите (ВИДЕО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top