| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани семејни насилници: Едниот посегнал по брата си, другиот по мајка си

noz-ubistvo-ranetСкопјанец се здобил со три убодни рани од нож и фрактура на рака откако синоќа бил нападнат од неговиот брат во нивниот дом. Повредениот не е во животна опасност.

Според Министерството за внатрешни работи, синоќа во 22:42 часот од градска општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето М.Ц. (35) од село Визбегово, Скопско, со три убодни рани од нож и фрактура на рака.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
baba
Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против П.А. (50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.

Како што соопшти денеска МВР, во периодот од март до април 2017 година пријавениот секојдневно психички и физички ја малтретирал својата 79-годишна мајка со која заедно живееле.

На 11 април годинава П.А. со употреба на физичка сила и вжештена маша и нанел повеќе удари по главата и телото од кои оштетената паднала во бессознание и во критична состојба била пренесена во болница.

Од страна на судија на претходна постапка на П.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top