| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид продожува да испишува историја, седум години по ред игра во полуфиналето на ЛШ

Реал Мадрид се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите во седма последователна сезона, достигнување кое досега не му успеало на ниту еден друг клуб во Европа.

Екипата од Мадрид покажува дека е една од најконстантните во најсилното фудбалско натпреварување, пласирајќи се во најдобрата четворка секоја година од сезоната 2010/11, па се до тековната. Во истиот период, „кралскиот“ клуб е непогрешлив кога игра финале, победувајќи ги двете одиграни средби и тоа против истиот ривал, Атлетико Мадрид на Диего Симеоне.

Најтрофејниот европски клуб зад себе го има и рекордот на најмногу учества во полуфиналињата (28) и е далеку пред останатите, Баерн Минхен (18) и Барселона (15).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top