Министерката за култура и претседател на Управниот одбор на „Форумот на словенски култури“ Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари средба со директорката на Форумот, Андреа Рихтер.
На средбата Канческа-Милевска и Рихтер разговараа за активностите поврзани со одбележувањето на 10 годишниот јубилеј од постоењето на Меѓународната фондација „Форум на словенски култури“ во 2014 година. По тој повод беа разменети мислења за реализација на заеднички концерти одржување на повеќе изложби, семинари и други пригодни активности со кои во сите земји членки на Форумот ќе се одбележи овој значаен јубилеј.
Во рамките на претстојните активности, во јуни следната година во Словенија планирано е да се одржи Фестивал на храна, вино и музика. Воедно ќе бидат реализирани и изложби на Државните архиви на земјите членки на Форумот како и изложби на детски цртежи. Во организација на „Музејот на Македонската борба за државност и самостојност“ идната година во Скопје ќе се одржи вториот регионален семинар за музеи посветен на јубилејот на „Форумот на словенските култури“.
Во својство на претседател на Управниот одбор на „Форумот на словенски култури“ министерката Канческа-Милевска договори сите планирани активности за одбележување на јубилејот да бидат дефинирани на состанокот на Бордот на директори на Форумот, во октомври годинава во Цетиње.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Албанскиот театар добива комплетно нов лик – Реконструкцијата завршува до крајот на годинава
-
Министерката за култура се сретна со членовите на мисијата за мониторинг на УНЕСКО
-
Канческа-Милевска: Изнесување постизборна платформа од друга држава е државен удар
-
Канческа-Милевска: Потребни се заеднички ставови кога се работи за државни интереси


