| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најозлогласениот полицаец во светот: 30 години ставал невини луѓе во затвор!

Рејналд Гевара е убедливо најлошиот детектив во историјата на полицијата во Чикаго. Тој испратил повеќе од 50 невини луѓе во затвор.

Гевара повеќе од 30 години подметнувал докази, изнудувал признанија и наоѓал лажни сведоци за да ги решава убиствата. Никој не можел да му се спротистави. Дури неодамна неколку семејства успеале да добијат правда. Многу лажни сведочења врз чија основа ги затворал луѓето, биле речиси идентични и очигледно било дека не биле вистинити, туку дека биле извежбани.

Инаку, Гевара поради убиства испратил 51 човек во затвор и тие вкупно поминале 2.300 години зад решетки. Само шест лица биле ослободени, петмина добиле доживотни казни, тројца биле осудени на смрт, па подоцна биле помилувани. Меѓу двајцата кои умреле зад решетки бил Даниел Пења кој на суд изјавил дека Гевара со тепање го натерал да потпише документ кој не ни го прочитал. Тоа не му помогнало.

Оние кои дополнително биле ослободени добиле оштета од градот Чикаго во вкупен износ од 21 милион долари.

Адвокатката Џенифер Бонџин ги извлекла од затвор Хосе Монтанес и Армандо Серано кои невини 23 години ги поминале во затвор. Сега застапува уште четворица кои се обидуваат да докажат дека полицаецот им ги наместил убиствата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top