| четврток, 6 декември 2018 |

Страв од тероризам: Снајперисти ќе го чуваат автобусот на Манчестер Јунајтед во Белгија

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе добијат дополнително обезбедување на гостувањето кај Андерлехт во четвртфиналето до Лигата на Европа. По бомбашкиот напад на автобусот си играчите на Борусија, подигнато е нивото на безбедност на сите натпревари.

Англиските медиуми пишуваат дека тоа посебно се однесува на натпреварот меѓу Андерлехт и Манчестер Јунајтед. Полицијата ќе го следи автобусот на англискиот тим од хотелот до стадионот, а на рутата ќе има дури и снајпери и хеликоптери, за да не се повторат сцените од Дортмунд.

-Ќе пробаме што помалку да мислиме на тоа и ќе се фокусираме на она што го сакаме, фудбалот. Сочувствуваме со луѓето кои го преживеаа она во Дортмунд- изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Јунајтед ги предупреди навивачите кои немаат влезници, а веќе се во Белгија, да не одат кон стадионот затоа што нема шанси да влезат, дури белгиската полиција би можела и да уапси.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top