| четврток, 6 декември 2018 |

Фрлач на гранати „хеклер и кох XM25“

heckler-and-koch-hk-xm25

Ар­ми­ски­те во­до­ви во­о­ру­же­ни со фр­ла­чи на гра­на­ти ХМ25, мо­же­би, ве­ќе не­ма да има­ат по­тре­ба од воз­душ­ни под­др­шка за спа­су­ва­ње од криз­ни­те жа­ри­шта. Ме­сто тоа, ќе го ко­ри­стат по­лу­а­вто­мат­ски­от фр­лач ХМ25, кој мо­же да го по­го­ди не­при­ја­те­лот на рас­то­ја­ние до 600 ме­три.

Про­то­ти­пот бе­ше да­ден за те­сти­ра­ње во аме­ри­кан­ска­та ар­ми­ја во април 2005 го­ди­на, а до сре­ди­на­та на 2009 го­ди­на те­сти­ра­ња­та ве­ќе беа во тек на бој­ни­те по­ли­ња во Ирак и во Авга­ни­стан.

Но­ви­от фр­лач ХМ25 ко­ри­сти ла­сер­ски да­ле­чи­но­мер за да го одре­ди рас­то­ја­ни­е­то до цел­та, а тер­мал­ни­от ни­шан по­ма­га при ло­ци­ра­ње­то на цел­та но­ќе или при ло­ши вре­мен­ски ус­ло­ви. Ни­ша­нот мо­же да му по­мог­не на ра­ку­ва­чот да ја одре­ди да­ле­чи­на­та на це­ла­та со точ­ност до 2,7 ме­три. Ра­сто­ја­ни­е­то на истре­лу­ва­ње мо­же да се про­гра­ми­ра во ми­кро­чип пред са­мо­то стре­ла­ње. По истре­лу­ва­ње­то, гра­на­та­та ро­ти­ра рам­но­мер­но, па та­ка, бро­ја­чот ги ме­ри ро­та­ци­и­те до по­го­ду­ва­ње­то на цел­та, а по­тоа сле­ду­ва де­то­на­ци­ја.

Глав­на пред­ност на ХМ25 е ток­му спо­соб­но­ста за од­ло­же­но де­то­ни­ра­ње, кое ра­ку­ва­чот со ова оруж­је го одре­ду­ва пред да стре­ла. Спо­ред ре­зул­та­ти­те од стре­ла­ње во им­про­ви­зи­ра­ни це­ли (кук­ли), ве­ро­јат­но­ста за ус­мр­ту­ва­ње на цел­та е мно­гу ви­со­ка.

Фр­ла­чот на гра­на­ти ХМ25 чи­ни 25 ил­ја­ди аме­ри­кан­ски до­ла­ри и те­жи 8,1 ки­ло­гра­ми, а во огром­ни­от ма­га­цин со­би­ра че­ти­ри гра­на­ти со го­ле­ми­на 25х40 ми­ли­ме­три. Стан­дард­на­та му­ни­ци­ја за фр­ла­чот е 220 гра­ма ви­со­ко­експ­ло­зив­на му­ни­ци­ја. Мо­же да со­бе­ре и две бо­е­ви гла­ви, кои се рас­прс­ну­ва­ат исто ка­ко и рач­на гра­на­та. Во спо­ред­ба со пу­шки­те и со фр­ла­чи­те на гра­на­ти со кои рас­по­ла­га­ат во­е­ни­те фор­ма­ции во мо­мен­тов, ХМ25 е три­па­ти по­е­фи­ка­сен при онес­по­со­бу­ва­ње не­при­ја­тел­ски си­ли, а мо­же да про­бие лес­но ок­лоп­но во­зи­ло со штит од 50 ми­ли­ме­три.

Иа­ко ХМ25 е скап, се­пак чи­ни по­мал­ку од упо­тре­ба­та на про­е­кти­ли­те „хел­фа­јар“. Аме­ри­кан­ска­та ар­ми­ја пла­ни­ра да ку­пи 12.500 фр­ла­чи ХМ25 од „Хек­лер и Кох“ во 2015 го­ди­на.

(Текст објавен во 111. број на неделникот Република, 17.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top