| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските патриотски здруженија на нозе: Нема назад! Нема кој да ни ја штити државата! Од нас зависи!

Sobranie bulduzeri Zdruzena Makedonija 39 (16) (Custom)

Десетици македонски патриотски здруженија го мобилизираат своето членство во повеќе градови во Македонија за одбрана на државата во случај СДСМ да се обиде насилно да постави претседател на Собранието и да формира влада што ќе ја спроведува тиранската платформа. Здруженијата  самоиницијативно организираат групи што се решени по секоја цена да ја бранат демократијата и со сите средства да спречат сценарио за уривање на унитарна Македонија.

Оттаму најавуваат дека тие ќе бидат чувари на државата и на институциите ако СДСМ во периодот пред за време и по велигденските празници се обиде насилно да ги заземе институциите.

Предупредуваат дека нема да дозволат погазување на волјата на македонскиот народ и реализирање на албанската платформа па затоа нивните дејства ќе бидат како тие во историјата, затоа што, како што велат, ова се историски моменти за македонската држава, народ и нација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top