| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани порачаа: Да ја чуваме Македонија, ако тоа го изгубиме, тогаш што ќе ни остане

Со марш и патриотски песни вечерва продолжија протестите на поддржувачите на движењето „За заедничка Македонија“ во Охрид.

И овојпат ден протестот почна од плоштадот кај охридската гимназија, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“ и булеварот „Македонски просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на главниот градски плоштад „Св. Климент Охридски“.

Косара Толоманоска, македонски иселеник во Германија, во нивно име упати повик со сите сонародници да не дозволат распарчување на татковината.

– Кој не живее во туѓина не знае колку е тешко туѓ леб да јадеш, туѓа земја да газиш. Затоа да ја чуваме Македонија. Ако тоа го изгубиме, тогаш што ќе ни остане, порача таа.

Движењето „За заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top