| четврток, 6 декември 2018 |

Надал славеше во 1000 меч во кариерата

rafael nadal

Рафаел Надал триумфално го прослави 1.000 меч во професионалната кариера. На Мастерс серијата во Мајами, Шпанецот со 2-1 (0-6, 6-2, 6-3) го победи Филип Колшрајбер од Германија и се пласираше во осминафиналето.

Шпанскиот тенисер од 2003 година дебитираше и тоа во родната Мајорка, кога го совлада Рамон Делгадо. Оттогаш тој е на терените низ целиот свет и сега стигна до 1.000 меч.

Само десетмина тенисери имаат повеќе натпревари одиграно од Надал. Прв е Џими Конорс со 1.535 мечеви, втор е Роџер Федерер со 1.339, а потоа следуваат Иван Ленд (1.310), Гиљармо Виљас (1.215), Андре Агаси (1.144), Илија Настасе (1.085), Џон Мекинро (1.075), Стефан Едберг (1.071), Давид Ферер (1.033) и Брајан Готфрид со 1.004 мечеви во кариерата.

Надал вкупно има 822 победи и само 178 порази, што е повеќе од 82 отсто успешност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top