| четврток, 6 декември 2018 |

Проблеми во Цирих поради дефект на авионот, македонските репрезентативци не можат да се вратат во Скопје!

avion

Со неочекувани проблеми се соочи македонската репрезентација пред полетување од Цирих за враќање во Македонија, по синоќешниот квалификациски натпревар против Лихтенштајн кој го играше во Вадуц.

Репрезентативците и целокупната македонска експедиција откако веќе беше сместена во авионот за враќање во Скопје од 12 часот, доби информација од капетанот на авионот дека ќе мора да се симне поради дефект на предното тркало од авионот.

Според последните информации од авио-компанијата задолжена за чартер летот од Цирих до Скопје, комплетната македонска експедиција сега повторно се враќа во аеродромската зграда во Цирих. Се очекува полетувањето за главниот град на Македонија да биде одложено за неколку часа. Дополнително ќе следат информации кога ќе биде враќањето во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top